Европската унија подготвува план „Б“ во случај Унгарија да стави вето на пристапувањето на Украина во ЕУ, изјави денес во Лвов високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Според неа, Европската Унија се надева на поддршка за членството на Украина од 27 земји-членки, што, како што изјави таа, е план „А“.
„Украина има своја домашна задача, а ЕУ мора да ја заврши. Соработуваме и со унгарската влада. Но, ако не функционира, веќе работиме на план Б. Но, нема да го откријам. Сè уште сме во процес“, рече таа, пренесува „Европска правда“.
Comments are closed for this post.