Жон Жаиро Васкез беше десна рака на најголемиот нарко бос Пабло Ескобар. Прекарот му е Попај бидејќи порано бил морнар. Покрај шврцер, Жон и убивал за Ескобар и ликвидирал околу 300 луѓе.
Тој останал до Ескобар се до 1993 година кога колумбискиот бос бил убиен.Жан во 2014 година излезе од затвор и сега заработува од давање интервјуа во медиумите во кои говори за соработката со Ескобар. Меѓу најинтересните приказни е онаа дека дневно шверцувале околу 15 тони кокаин.
Ескобар имаше флота од 140 авиони кои ги користеше за шверцување.За себе имаше само еден авион „Лир Џет“. Во авионот имаше луди забави. Во една прилика зема два милиони евра во кеш и отиде на Карневалот во Рио и ги потроши сите пари.-раскажува Васкез.
Comments are closed for this post.