Винсент Ламберт, четириесет и две годишен човек кој по сообраќајна несреќа во 2008 година, останал квадриплегичар со минимално присуство на свеста, ја подели Француската јавност и неговото семејство.

Докторите уште пред шест години, кои се обидувале да ја подобрат неговата состојба, го советувале неговото семејство да донесе одлука за тоа дали и понатму Винсент да го држат во живот.

Неговата сопруга Рејчел, која е воедно негова законка старателка, уште тогаш апелирала дека тој смаиот не би сакал да живее во таква состојба и се согласила да се престане со давање хана и вода и да се стави во состојба на длабока седација. Но, неговите родители и уште двајца негови браќа не го прифатија тоа и започнаа правна битка која се уште не е завршена.

Се дошло и до Европскиот суд за човекови права во Стазбург, кој донел одлука во корист на сопругата на Винсент. Него лекарите во понеделникот престанале да го хранат, но синоќа стигнала судска олука да се врати сондата и тој повторно да почне да добива храна и течности.

Иако дише без респиратор, оштетувањата на мозокот се такви да воопшто не е можно некогаш да му биде подобро.  Неговите роители како конзервативни католици сметаат дека ниеден живот не смее да заврши насилно или со еутаназија, а во 2015 година дури на еден црквен канал на „You Tube“ прикажале снимка на која наводно е гледа како тој ги отвара очите и реагира на членовите на семејството. Но лекарите тогаш кажаа дека таа снимка не ја покажува реалната состојба и дека служи исклучиво да се предизвика погрешна слика во јавноста.

Високиот суд во Париз донесе одлука дека на Винсент повторно треба да му се одржува животот се додека за ова не се изјаснат од одборот за правата на лицата со инвалидитет при Обединетите нации. Неговите родители тоа го сметаа за своја голема победа и битка за животот на синот.