Двојниот агент Сергеј Скрипал, кој минатата година беше затруен од нервен агенс во Велика Британија, снимен е првпат по несреќата како зборува.

На 30 секундниот запис, кој го обајви руски таблоид, а кој го пренесоа светски медиуми, се слуша гласот на Срипал како остава гласовна порака на неговата внука Викторија, а во која, на неа и на нејзината мајка Елена им го честита Денот на победата.

На снимката, тој вели дека со неговата ќерка Јулија се добри.

„Здраво Викторија, овде вујко Серјожа. Се обидов да те добијам, но не одговараш. Честитам празник, ти посакувам се најдобро. Што правите, како ти е сопругот? Честитај и празник и на мама. Ќе се слушнеме подоцна“, вели во аудио записот Скрипал.

Како што се наведува, тој ја повикал Викторија на мобилниот телефон и оставил порака кога таа не се јавила.

За разлика од Јулија Скрипал, Сергеј ниту еднаш не се огласи по несреќата.

Истражители поставуваат прекривка над клупата во паркот каде Сергеј и Јулија беа пронајдени

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа затруени во март минатата година, за што Велика Британија ја обвини Русија, а Москва негираше вмешаност во случајот.