Мусиманското население во Русија брзо се зголемува, главно заради мигрантите од Централна Азија и арапскиот свет. Ова во интервју за „Известија“ го изјави претседателот на Советот на муфтии на Русија, Равил Гајнудин, кој е поглавар и на Духовната управа на муслиманите во државата.
Денес во Русија има повеќе луѓе, кои го проповедаат исламот, отколку во времето на царот, но од некогашните 14.000 верски објекти се останати малку над 8.000. Тоа придонесува за огромни навалици од верници покрај џамиите за време на муслиманските празници. За да се задоволи потребата, во целата Федерација треба да се изградат 50-60 џамии, но нивната изградба честопати наидува на отпори од страна на локалните власти.
Гајнудин цитира оценка на „почитувани експерти и аналитичари“, според кои за 15 години близу 30% од населението во Русија, кое моментно брои 145 милиони, ќе биде муслиманско.
Празничните молитви само во Соборната џамија во Москва привлекуваат по 130.000 луѓе, што е значително повеќе од советското време, кога таа бројка изнесуваше едвај 35.000, посочува муслиманскиот лидер.
Според московските власти, во главниот град на Русија, со регулиран постојан или привремен престој денес живеат 3 до 4 милиони луѓе, кои го проповедаат исламот.
Пред 10-15 години во Санкт Петербург имало 250 до 300.000 муслимани, а денес нивниот број е близу еден милион. Високиот духовник констатира дека брзо се развиваат муслиманските заедници во Калинингардската област, во Карелија, Коми и други региони на федерацијата.
Comments are closed for this post.