Вулканот Попокатепетел во Мексико, исфрла пепел што стигна и до јужниот дел од главниот град, Мексико Сити.

Националниот центар за превенција на катастрофи објави предупредување до населението да го напушти подрачјето на вулканот поради активност во кратерот и регистрираните 183 исфрлања на гас и пепел во изминатите 24 часа.

Геофизичарите регистрирале засилена активност на вулканот што се наоѓа на 72 км југоисточно од Мексико Сити.