Илјада војници и официри продефилираа денеска пред Рохани за време на парадата одржна во Техеран како би го одбележале денот на војската, додека нови борбени авиони од иранско производство летаа над нив.
На парадата е претставена најновата воена опрема на иранската војска, вклучително борбените ловци од домашно производство и одбранбени системи од руско производство.
Иран, исто така, покажа и ракети, подморници, оклопни возила, радари и руски одбранбен систем с-300.
Сакам да им порачам на земјите од регионот дека вооружените сили на Исламската република Иран не се против вас и вашите национални интереси. Тие се против освојувачите… Корените на нашите проблеми се ционистичкиот режим (во Израел) и американскиот империјализам“, изјави Рохани.
Тој исто така рече дека Иран бара „регионална безбедност и стабилност“.
Comments are closed for this post.