Европската комисија ја објави најновата црна листа на забранети авиокомпании, вкупно 120 се засегнати, меѓу нив една европска компанија.

Комисијата редовно го обновува списокот на забранети авионски компании во рамките на своите политики за безбедност на патниците.

Од 120-те забранети компании, 114 се сертифицирани во 16 држави во кои европска унија смета дека национална контрола на летање не ги исполнува потребните безбедносни критериуми, како на пример Авганистан, Конго, Непал или Судан.

Во овој список влегува и европска држава овој пат.

Станува збор за Молдавија каде ЕУ смета дека „има недостаток на безбедносен надзор од страна на цивилната воздушна власт“.