Во џунглите во Колумбија, во место скриено меѓу плантажите со банани, живее Даиро Антонио Усуга. Тој е постојано во движење, лицето е малку отечено, секогаш изгледа како да го боли грбот и патува на мазга.
Овој 48-годишник, кој никогаш не спие двапати во ист кревет, нема мобилен телефон, а се потпира на гласници што го поврзуваат со подземна мрежа на контакти, е многу повеќе од обичен селанец.
Но сепак за него е издаден налог за апсење од 5 милиони американски долари, а познат е по името Отониил.
Тој е еден од кралевите на дрога во светот. Откако Ел Чапо заврши во затвор, неговиот картел „Синалоа“ продолжува да расте со помош на нивниот главен снабдувач кокаин во Колумбија – „Голф картелот“ што го води самиот Отонтел.
Сите го потценуваат, но тој всушност е многу помоќен отколку што се мисли.Отониел контролира мафијашка организација чија моќ се протега далеку од границите на Колумбија.
Мрежата функционира како давател на трговци на дрога. Тие остваруваат големи профити од нелегални рудници за злато, трговија со луѓе и изнудување. Областа што ја контролира се протега од запад и Панама на исток и кон Венецуела.
Comments are closed for this post.