Речиси 5.000 луѓе се убиени во акциите за сузбивање на дрога, која безбедносните сили на Филипини ја организираа од 1 јули 2016 годинана. Повикувајќи се на податоци од владата, медиумите објавија дека од тогаш, филипинската полиција и армијата организирале повеќе од 108.000 акции.
Во акциите се убиени најмалку 4.948 осомничени лица, а смртно настрадаа повеќе од 80 припадници на безбедносните сили. Во истиот период, повеќе од 152.000 лица биле уапсени, вклучително и најмалку 500 државни службеници.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, кој на чело на државата дојде на 30 јуни 2016 година, вети дека за време на мандатот ќе се фокусира на борбата против наркотици и корупцијата.
Но со акциите, организациите за човекови права сметаат дека Владата на Филипините врши злосторство против човештвото.
Comments are closed for this post.