Во судир на два мали авиони во воздухот при приоѓањето на регионалниот аеродром на Нов Зеланд загинале двајцата пилоти, соопшти полицијата.
Четворица падобранци кои биле во еден од двата авиона скокнале непосредно пред судирот со другиот авион кој се користел за обука.
Хеликоптер пак кој се подготвувал за слетување за среќа успеал да го избегне судирот.
Полицијата соопшти дека двата авиона по судирот се урнале во реонот јужно од аеродомот Худ во близина на градот Мастертон.
Comments are closed for this post.