Во Аргентина и Уругвај, oколу 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај останале без електрична енергија. Поради пад на електричната мрежа утрово во Аргентина и Уругвај, без струја останаа и делови од Бразил и Парагвај.

Големиот дефект резултираше со застој во железничкиот сообраќај, а во поголемите градови настанал вистински сообраќаен хаос со оглед на тоа што сите семафори и метро станици престанале да работат.

Во Аргентина нема струја во повеќето од поголемите покраини, вклучувајќи го и главниот град Буенос Аирес. Во оваа земја денес се одржуваат локални избори.

Засега нема официјални информации која е причината за прекин на електричната енергија