Бројот на исчезнати во пожарите во Калифорнија достигна драмитични 1.000 лица, објавија властите, при што додаваат дека се пронајдени остатоци на уште осум жртви, со што бројот на загинатите се искачи на 74 лицa.

Бројот на исчезнати лица во четвртокот беше 631, но сега се објавени 1.011 лица, иако се претпоставува дека некои од нив побегнале од пожарот и не се знае каде се засолниле, изјави на прес конференција шерифот на општината Бори, Кори Хејни.

Денеска инаку се очекува погодениот регион да го посети Доналд Трамп кој ќе се сретне со пожарникарите кои се борат со еден од најкатастрофалните пожари во поновата историја.

Пожарот избувна на 8 ноември, а гигантскиот шумски пожар е контролиран на само 45 проценти. Огнените јазици пеплосаа 10.000 куќи и други објекти како и 220.000 хектари земја.