Претседателот на Русија Владимир Путин е познат по тоа дека каде и да оди го носи својот автомобил „Аурус“, без разлика дали станува збор за патување во Русија или во странство.

Така беше и во Париз, на церемонијата на стогодишнината од Првата светска војна каде веднаш по пристигнувањето од авион влезе во својот „Аурус“ во кој има најмногу доверба.