Во голем пожар во Дака, главниот град на Бангладеш, изгореле 15.000 домови, а 50.000 лица останале без кров на главата.
Пожарот се појавил во сиромашен кварт каде повеќето бараки се изградени од лесно запалливи материјали, пренесе Би-Би-Си.
Според последните податоци, во пожарот нема жртви, туку само неколку лица се потешко повредени.
Засега не е позната причината за пожарот, а Владата на Бангладеш најави помош за сите кои останаа без своите домови.
Comments are closed for this post.