Во Портсмут, град на југот на Англија денес напладне почна свечената церемонија за одбележување на 75-годишнината кога сијузниците се истоварија во Нормандија.
Точно во 12 часот почна церемонијата која ја предводеше британската кралица Елизабета Втора (93). Дојде со автомобил и стоеше меѓу нејзиниот син принцот Чарлс (70) и американскиот претседател Доналд Трамп (72).
Сите светски политичари беа на бината, но главни беа ветераните, тие кои се бореа и го победија фашизмот. Музиката од гајдите ги потсети сите на тие денови на страдања во Европа и во светот предизвикани од четиригодишната војна.
Многу политичари учествуваа на церемонијата во Портсмут: фрнацускиот претседател Макрон, Трамп, холандскиот премиер Руте, канадскиот премиер Трудо, британската премиерка Меј, грчкиот претседател Павлопулос, германската канцеларка Меркел.
А, германски Билд токму тоа го истакнува во текстот – дека Павлопулос стоел веднаш до Меркел и тоа во време кога Грција официјално побара од Германија воени репарации во износ од 377 милијарди евра.
Comments are closed for this post.