– Пакистанската полиција соопшти дека вооружени напаѓачи убиле судија за борба против тероризам и неговото семејство додека патувале од северозападниот дел на земјата кон Исламабад.
Никој не презеде одговорност за вооружениот напад во кој беа ранети и двајца телохранители на судијата Афтаб Адмед Африди.
Полицијата соопшти дека се убиени Африди, неговата сопруга и нивните две деца, вклучувајќи го и двегодишниот син на судијата.
Африди беше судија во област која порано беше под контрола на талибанците.
Comments are closed for this post.