Властите во регионот Нагорно-Карабах воведоа воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан, пренесува агенцијата „Тасс“
„Почнавме да ги мобилизираме сите граѓани на возраст над 18 години. Во земјата е прогласена воена состојба“, соопштил тој.
Би-би-си, претходно јави дека Ерменија и Азербејџан започнале судири околу регионот Нагорно-Карабах.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека Азербејџан извршил воздушен и артилериски напад, но ерменските сили возвратиле со уривање на два хеликоптера и три дрона.
Азербејџан, пак, соопшти дека Ерменија започнала огромна акција за гранатирање долж линијата на фронтот.
И Ерменија и Азербејџан беа дел од Советскиот сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.
Долготрајниот конфликт повторно се разгоре во последните месеци, а во борбите на границата само во јули загинаа 16 лица.
Comments are closed for this post.