Форензичарите идентификуваа 44 тела кои се пронајдени закопани во еден бунар во мексиканската држава Халисико, област позната по насилство на нарко-картелите.
Ова е втора по големина гробница пронајдена во Хелисико годинава, потсетува БиБиСи.
Повеќето од телата биле масакрирани.
Локалната организација која работи на пронаоѓање на исчезнати лица побара од владата на терен да испрати повеќе стручњаци кои би помогнале во идентификацијата на телата.
Оттаму наведуваат дека локалното форензичко одделение е пренатрупано со работа и дека немаат потребни стучњаци за довршување на операцијата.
Comments are closed for this post.