Пожар избувнал во џамијата Ал Акса во Ерусалим, во исто време додека горела катедралата Нотр Дам во Париз, објави Њузвик пренесувајќи ја Палестинската новинска агенција.

Агенцијата се повикува на извор кој изјавил дека „пожарот се појавил на покривот молитвената соба Марвани, по што успешно реагирала противпожарната бригада“.

На објавените снимки може да се види како излегува чад од покривот на Марвани, односно позната и како Соломоновите штали.

Веста за пожарот за третата по важност џамија за исламскиот сввет, меѓутоа падна во сенка на големиот пожар во Нотрд Дам кој се закануваше целосно да ја уништи катедралата.

Палестинските власти, во меѓу време, испратиле писмо со жалење до француските власти за големиот пожар кој уништи дел од Нотр Дам.