Почнуваат да се откриваат делови за животот на монструмот кој во џамија во Нов Зеланд уби 50 луѓе. Брентон Тарант детството го минал во Австралија, во Графтон. Неговите врсници кажуваат дека тој бил многу повлечен и осамен и ретко се дружел со своите соученици.

Тие дури и го задевале дека е дебел што можеби и имало влијание за подоцна во животот.Пред да замине да живее во Нов Зеланд Брентон слободното време го минувал во теретана бидејќи сакал да го обликува своето тело.Откако заминал во Нов Зеланд ретко кој бил во контакт со него.