Властите во Баварија воведоа ограничувања за излез од дома  за спречување на коронавирусот. Ова мерка ќе важи во следните две недели нагласи премиерот Маркус Шедер.

Ќе постојат само строги исклучоци кога ќе може да се излезе од дома, пренесува „Welt.de“.

„Го затвораме јавниот живот скоро целосно“, рече Шудер. Според сите експерти, ова е единствениот начин да се сречи ширење на вирусот. Од сабота, излегување од сопствениот стан е дозволено само ако има добри причини-рече созузниот премиер.

Забраната вклучува  шопинг, посети на доктор, одење кај  партнери, но и спорт и вежбање на свеж воздух.

Сепак властие велат дека не се работи за класичен полициски час но оти мора да се седи дома. Во случај на напочитување има казни и до 25.000 евра.

Не правете  забави дома, не ги поканувајте ни  соседните деца-вели Шедер.

Рестораните исто така ќе бидат затворени и можни се само испораки. Покрај во Баварија, состојбата со короната е критична во Северна Рајна Вестфалија. Засега во Германија има 15.000 заболени.