Претставниците на Долниот дом на австрискиот парламент усвоија закон со кој се забранува носење марами во основните училишта, а го предложи владејачката крајна десница.

Во текстот на законот се нагласува дека забраната се однесува на секое парче облека со идеолошка или верска конотација, коешто ја покрива главата. Претставниците на владејачката коалиција јасно ставија до знаење дека законот и покрај воопштениот опис, се однесува само на муслиманските марами, но не и на еврејската кипа или на скипи капите.

Официјалната муслимакска организација во Австрија, ИГГО, претходно остро го осуди овој закон нарекувајќи го бесрамен и диверзиски. Сепак, наведуваат дека со него ќе биде погоден занемарлив број на девојчиња.