Граѓанин на Велика Британија е првиот човек во Обединетото Кралство на кој му е дијагностициран нов вид на свински грип, објавија здравствените власти, пренесе Би-Би-Си.
Видот H1N2 може да се пренесе од свињи на луѓе, но ретко се шири меѓу луѓето.
Заразеното лице имало благи симптоми, а лекар посетило пред се поради респираторни проблеми.
Здравствените власти соопштија дека случајот бил откриен како дел од рутинскиот национален надзор на грипот и дека изворот на инфекцијата е непознат.
Се додава дека ситуацијата се следи со зголемен надзор во ординациите и болниците во Северен Јоркшир, регион во северна Англија.
Според здравствените власти, ова е првпат да го детектираат овој вирус кај луѓе во Велика Британија.
Comments are closed for this post.