Пандемијата го смени начинот на живот, а особено влијае на патувањата, така што веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид пасоши.
Тоа се апликации за мобилни телефони на кои патниците во меѓународниот сообраќај ќе ги испраќаат своите потврдени резултати од тестовите за Ковид-19 или доказ дека биле вакцинирани, објави американскиот дневен весник Вашингтон пост.
Засега има две такви апликации, од кои едната веќе се користи во САД, додека другата е во завршна фаза на развој.
Пасошот „Ковид“, создаден од непрофитната организација „Комонс проект“, се вика КомонПаш и се користи на летовите на Јунајтед и Катеј Пацифик кон Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг.
Втората апликација се уште ја развива Здружението на меѓународни авиокомпании (IATA) и се нарекува IATA-Travel Passport. Се очекува втората апликација да стапи во употреба веќе на почетокот на 2021 година и да биде достапна за корисниците на Aндроид и оние кои користат уреди на Епл.
Comments are closed for this post.