САД од денеска го прекинуваат повластениот трговски режим за Турција, исклучувајќи ја од списокот на земји во развој. Тоа значи дека Турција веќе не е меѓу државите за кои е дозволен бесцарински извоз на некои производи за американскиот пазар.
Истовремено, Вашингтон ја намали на половина царината за увоз на турски челик до 25%.
САД почнаа да го проверуваат статусот на Анкара уште во август минатото лето, кога двете држави се наоѓаа во дипломатски спор заради ослободувањето на американскиот пастор Ендрју Бренсон.
Според турската страна, најновите мерки се во спротивност со целта определена од претседателите Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, меѓусебната трговија да достигне 75 милијарди долари.
Comments are closed for this post.