Урсула фон дер Лајен до фармацевтските компании: Почитувајте ги договорите, исполнете ги своите обврски

26.01.2021 / 15:57


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ инвестирала милијарди евра во развој и производство на вакцини против Ковид-19 и дека сега со право очекува фармацевтските компании да го исполнат својот дел од обврските кон Европа.

– Сега компаниите треба да го испорачаат својот дел од работата и да ги исполнат своите обврски. Затоа воспоставуваме механизам за транспарентност при извозот на вакцини. Европа е решена да придонесе за глобалното добро, но ние, исто така, бараме да се почитуваат договорите, рече Фон дер Лајен во видео порака објавена на нејзиниот профил на Твитер.

Европската комисија објаснува дека целта на механизмот се јасни информации за тоа каде одат вакцините против Ковид-19 произведени во Европа.

– Не станува збор за тоа дека ние не сакаме некој друг да добие вакцини, туку за компаниите со кои имаме потпишано договори да ги исполнат своите обврски кон нас. Јасно е дека на сите им се потребни вакцини, но исто така е јасно дека ЕУ вложи многу пари за да обезбеди дека ќе ги добие потребните дози, и тоа не во кое било време, туку што е можно побрзо, изјави портпаролот на Еврокомисијата Ерик Мамер

Од Европската комисија велат дека и по вчерашните две средби со претставниците на Астра Зенека, тие сè уште чекаат „јасни и целосни информации“ за испорака на вакцините.

– Нема да се предадеме сè додека не добиеме одговори и вакцини, вели Мамер.

За утре е најавен нов состанок на претставници на Европската комисија, земјите членки и Астра Зенека


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

Taкер Карлсон ќе прави партија

пред 1 ден
Свет

„Волстрит журнал“: Русија наесен ќе ја нападне Полска?!

пред 4 дена
Свет

Трамп нема да дава американски државјанства само по раѓање

пред 4 дена
Свет

Запознајте ја МИ6-најпознатата тајна служба на светот

пред 6 дена
Свет

Почнува битката за Каспиското море полно ссо нафта и гас

пред 1 нед.
Свет

Tрамп му даде уште една шанса на Иран за договор

пред 1 нед.
Свет

Маск до уредничката на Економист: Она што лажно го нарекувате „крајна десница“ се всушност нормалните луѓе

пред 2 недели
Свет

„Политико“: Израел се спрема за војна против Турција,Сирија и Египет!

пред 2 недели
Свет

Вештачка интелигенција за сите: Планот на WAICO за премостување на дигиталниот јаз

пред 3 недели
Свет

Аргентинците не им ги простуваат Фокландските острови на Англичаните, би војувале и денеска

пред 4 недели
Jojobet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbet GirişHoliganbetHoliganbetjojobetgrandpashabetimajbetcasibomiptv satın albetcioGrandpashabetAnkara escortAnkara escortgrandpashabetbetvole girişEscortes BelgiqueCasibomGrandpashabetgrandpashabetJOJOBET GİRİŞLERİcasibom