Урсула фон дер Лајен до фармацевтските компании: Почитувајте ги договорите, исполнете ги своите обврски

26.01.2021 / 15:57


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ инвестирала милијарди евра во развој и производство на вакцини против Ковид-19 и дека сега со право очекува фармацевтските компании да го исполнат својот дел од обврските кон Европа.

– Сега компаниите треба да го испорачаат својот дел од работата и да ги исполнат своите обврски. Затоа воспоставуваме механизам за транспарентност при извозот на вакцини. Европа е решена да придонесе за глобалното добро, но ние, исто така, бараме да се почитуваат договорите, рече Фон дер Лајен во видео порака објавена на нејзиниот профил на Твитер.

Европската комисија објаснува дека целта на механизмот се јасни информации за тоа каде одат вакцините против Ковид-19 произведени во Европа.

– Не станува збор за тоа дека ние не сакаме некој друг да добие вакцини, туку за компаниите со кои имаме потпишано договори да ги исполнат своите обврски кон нас. Јасно е дека на сите им се потребни вакцини, но исто така е јасно дека ЕУ вложи многу пари за да обезбеди дека ќе ги добие потребните дози, и тоа не во кое било време, туку што е можно побрзо, изјави портпаролот на Еврокомисијата Ерик Мамер

Од Европската комисија велат дека и по вчерашните две средби со претставниците на Астра Зенека, тие сè уште чекаат „јасни и целосни информации“ за испорака на вакцините.

– Нема да се предадеме сè додека не добиеме одговори и вакцини, вели Мамер.

За утре е најавен нов состанок на претставници на Европската комисија, земјите членки и Астра Зенека


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

Ново оружје на стариот криминал: 3D принтањето кое чука на вратата на Балканот

пред 1 ден
Свет

Претседателот на Европскиот совет кој утре е во Скопје беше под истрага за корупција со рудници за литиум

пред 7 дена
Свет

Фон дер Лајен виновна во случајот „Фајзергејт“, пресуди Европскиот суд

пред 1 нед.
Свет

Лав или Леон Четиринаесетти, како е правилно?

пред 1 нед.
Свет

Афера „Фајзергејт“: Фон дер Лајен на приватен меил договарала милионски договор за набавка на вакцини!?

пред 1 нед.
Свет

Koja e Kaja Kaлас која има план „Б“ за Украина но не и за Македонија: Ја мрази Русија од дното на душата бидејќи семејството и било депортирано во Сибир

пред 1 нед.
Свет

За Македонија не може да имаат: EУ и Каја Калас имаат резервен план ако Унгарија стави вето на приемот на Украина

пред 2 недели
Свет

Ден на Европа наместо Ден на победа над фашизмот

пред 2 недели
Свет

Кнедли од есетра, борш и десерти, вино од Крим: Eве што јадеа гостите кај Путин

пред 2 недели
Свет

„Мир со вас“ се првите зборови

пред 2 недели