За само неколку секунди мостот во Џенова каде лани во август загинаа десетина лица откако дел од него се урна, денес беше претворен во пепел со помош на контролирана експлозија.

Експертите поставија експлозив на два носечки столба на мостот Моранди и околу 4.500 тони бетон и железо за седум секунди се претворија во пепел.

Голем број жители на Џенова го следеа настанот од дистанца, а меѓу нив и двајцата вицепремиери Луиѓи Да Мајо и Матео Салвини.

Стотици жители беа преселени од местото каде беше извршена експлозијата, всушност од куќите и зградите кои се под мостот-вијадукт, а беа донесени и водени балони за да спречат ширење на прашината која претставува опасност од задушување.

Во несреќата лани загинаа 43 лица.