Околу 34,5 милиони граѓани со право на глас го бираат шесттиот претседател на Украина. Тоа не важи за околу 12 проценти од избирачите односно граѓаните на Крим во Русија, како и во Доњецката и Луганска Област, што се под контрола на проруските бунтовници, коишто не се во можност или не сакаат да гласаат.
Украинците избираат помеѓу актуелниот шеф на државата Петро Порошенко (53) и комичарот Володимир Зелински (41).
Во првиот круг од претседателските избори, на кој имаше 39 кандидати, за Зеленски се изјаснија над 30 проценти од излезените гласачи, додека за Порошенко гласаа нешто помалку од 16 отсто.
Анкети покажуваат дека Украинците најголем број гласови ќе дадат за Зеленски. Според резултатите од последното истражување на јавното мислење, за Зеленски би гласале 72,7 отсто, а за Порошенко сее изјасниле 27,2 проценити.
Во Украина живеат околу 42 милиони луѓе, но според последната анкета на „Галуп“ само девет отсто од граѓаните изјавиле дека имаат доверба во Владата. Украина е едена од најсиромашните земји во Европа.
Зеленски го искористи антивладиното расположение на Украинците, а водејќи необична кампања со комичарски настапи и преку социјалните мрежи, каде има милиони „следачи“, е фаворит на изборите.
Тој на јавноста и стана познат по хумористичната серија „Слуга на народот“, која почна да се емитува пред 3,5 години. Зеленски игра претседател на Украина, кој се бори против корупцијата. Во серијата Зеленски е професор кој случајно станува претседател на Украина по впечатлив говор за украинската политика на социјалните мрежи.
Порошенко е петтиот претеседател на Украина, познат по прекарот Кралот на чоколадите. Тој е сопственик на најголемата фабрика за кондиторски произвиди во Украина, поседува телевизија и бродоградилиште, а поврзан е и со автомобилската индустрија.
Тој во периодот 2013 – 2014 година активно се вклучи во антивладини протести, кои и финансиски ги поддржуваше. Порошенко на 25 мај 2014 година со 54,7 проценти од гласовите беше избран е за претседател на Украина.
За време на претседателскиот мандат на Порошенко, Украинците добија безвизен режим со Европската Унија, а спроведени се и одредени реформи. Тој помогна во воспосатвувањето на Украинската православна црква и успешно лобираше на Запад за останување во сила на санкциите за Русија.
Сепак, неговите критичари не се задоволни со тоа како се одвиваат промените што ги бараа демонстрантите на плоштадот Мајдан, како пореди тоа што нема пресуди за виновниците за големиот број на жртви за време на протестите. Критичарите на Порошенко му забележуваат и дека не го исполнил ветувањето за брзо завршување на војната во Источна Украина.
Comments are closed for this post.