Главната управа на украинското воено разузнавање објави долг список со имиња за кои тврди дека се на руски шпиони во Европа. Според Украина, документот содржи 620 имиња на луѓе, кои се соработници на руската Федерална служба за безбедност, бившото КГБ, на европска територија.
Покрај имињата, има податоци за кои украинската служба тврди дека содржат датум на раѓање, број на пасош, адреса на регистрација, долгови, сим-картички, модеми, регистарски таблички на автомобили, посебни забелешки и др. Сите 620 агенти се регистрирани на една иста адреса-ул.„Бољшоа Лубјанка“ во Москва.
Во документот не се посочени европските држави во кои тие се наоѓаат и работат. До сега нема потврда или негирање од страна на Русија.
Comments are closed for this post.