Националната комисија, која ја регулира сферата на енергетиката и комуналните услуги во Украина, од денеска ги намалува таксите за пренос на природен гас по гасоводниот систем во државата, објави на својот ФБ профил управителката на комисијата, Оксана Кривенко, пренесува ТАСС.
Во Новата 2019 година влегуваме со европски конкурентни такси за услугите во транспортот на гас од почетните до излезните точки. Тие се двојно намалени, напишала таа на ФБ.
Според зборовите на Кривенко, новите такси се компонента од крајната цена на гасот за потрошувачите.
Всушност, цената на увозното гориво на пазарот на големо се намалува за 6 долари, тврди таа.
Кривенко изјави дека како резултат на донесената одлука, украинскиот гасоводен систем ја „утврдува својата апсолутна конкурентност и позгодна економска алтернатива на „Северен поток“ и други бајпас гасоводи.
Според податоците изнесени на сајтот на компанијата „Укртрансгаз“, на крајот на штотуку завршената 2018 година, цената на влезната точка на украинскиот гасоводен систем изнесувала 12,47 долари за 1.000 кубни метри, а на излезната точка варирала од 16,74 до 32,80 долари за 1.000 кубни метри.
Comments are closed for this post.