1 јануари
– Катар се повлече од од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) по 57 години членство;
– Австрија дозволи истополови бракови;
– Во Германија стапи во сила закон кој им овозможи на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол, да изберат трета опција во службените документи;
– САД и Израел ја напуштија Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) со образложение дека таа има предрасуди кон Израел;
– Сите земји членки на Европска унија мораат да ги применуваат новите законски мерки против даночна евазија. Овие мерки ги таргетираат пред сѐ големите мултинационални компании;
3 јануари
– Кинеската сонда „Чанг Е-4“слета на темната страна на Месечината;
– Ненси Пелоси избрана за претседателка на Претставничкиот дом на САД;
5 јануари
– Вселенскиот патријарх Вартоломеј потпиша томос за автокефалноста на православната црква во Украина;
7 јануари
– Осуетен обид за воен удар во Габон;
11 јануари
– Пентагон почна да повлекува дел од опремата во Сирија;
14 јануари
– Градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович беше избоден на хуманитарен собир, а почина два дена подоцна;
– Во Иран загинаа 15 луѓе при уривање на авион „Боинг 707“;
15 јануари
– Припадници на сомалиската група Ал Шабаб го нападнаа хотел „Душит“ во кенискиот главен град Најроби, при што загина повеќе од 20 луѓе;
17 јануари
– Најмалку 21 лице загинаа, а 68 други се повредени при експлозија на автомобил-бомба во дворот на Полициска академија во колумбискиот главен град Богота;
18 јануари
– По четири месеци политички ќор-сокак во Шведска, лидерот на социјалдемократите Стефан Лофвен победи на гласање во Парламентот за формирање на владата;
– При експлозија на гасовод во мексиканскиот град Тлахуелипен загинаа најмалку 109 луѓе;
23 јануари
– Хуан Гуаидо, лидерот на опозицијата, која имаше мнозинство во Националното собрание се прогласи за привремен претседател на Венецуела;
24 јануари
– Феликс Чисекеди положи заклетва како нов претседател на ДР Конго;
25 јануари
– По пукање на рударска брана во Брумадињо, југоисточен Бразил загинаа над 240 луѓе;
25 јануари
– Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон со што заврши најдолгата блокада на Владата во историјата на САД;
27 јануари
– Исламска држава презеде одговорноста за двата бомбашки напади врз Католичката црква во Јоло, во јужниот дел на Филипини, при што загинаа најмалку 20 луѓе;
28 јануари
– Американското Министерство за правда подигна обвиненија против кинеската технолошка компанија „Хуавеј“, две нејзини филијали и една од извршните директорки Менг Ванжу, која е обвинета за измама на банки во врска со работењето на компанијата и кршење на американските санкции против Иран;
31 јануари
– Католичката црква во Тексас објави имиња на речиси 300 свештеници педофили;
– Премиерот на Либан, Сад ал-Харири формира влада речиси девет месеци по изборите;
1 февруари
– Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел поради наводно кршење на ИНФ од страна на Русија;
3 февруари
– Папата Франциск го посети Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, со што стана прв папа кој го посетил Арапскиот Полуостров;
– Наиб Букеле победи на претседателските избори во Ел Салвадор;
5 февруари
– Папата Франциск првпат призна дека свештениците сексуално злоставуваат монахињи;
10 февруари
– Најмалку 60 луѓе загинаа во престрелки во кои учествуваат земјоделци и номадите во државата Кадуна, Нигерија;
12 февруари
– Судот во Њујорк го прогласи за виновен по сите десет точки на обвинението мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман;
– При пожар во хотел во Њу Делхи загинаа 17 луѓе;
14 февруари
– При самоубиствен бомбашки напад од страна на пакистанска милитантна група загинаа 40 индиски војници во Кашмир;
20 февруари
– Најмалку 70 луѓе загинаа во пожар што избувна во нелегална фабрика за хемикалии во Дака, Бангладеш;
23 февруари
– Мухамедју Бухари е реизбран за претседател на Нигерија;
24 февруари
– Кубанците на референудм го одобрија новиот устав, во кој се признава правото на приватна сопственост, но и го заштитува еднопартискиот систем на земјата;
26 февруари
– Индија изврши воздушни напади врз наводните терористички кампови во Пакистан;
27 февруари
– Пакистанската армија собори индиски борбен авион и го зароби пилотот, при што дополнително ескалираа тензиите во спорниот регион Кашмир;
28 февруари
– Вториот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун заврши без договор;
3 март
– Во налет на торнадо во американските сојузни држави Џорџија и Алабама загинаа 23 луѓе;
7 март
– Осуден е поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт на 47 месеци затвор поради даночни и банкарски измами. На 13 март, тој доби дополнителна казна од 43 месеци поради проруско лобирање во Украина;
10 март
– Авион на „Етиопија ерлајнс“што сообраќаше од Адис Абаба до Најроби се урна при што загинаа сите 157 луѓе. Тоа беше втор несреќа во рок од шест месеци на авион од типот Боинг 737 MAКС, што доведува до приземјување на овие авиони ширум светот;
11 март
– Во Техеран, ирански адвокат и активист за жени Насрин Сотуде е осуден на 33 години затвор и 148 удари со камшик;
14 март
– Тропскиот циклон Идаи го погоди Мозамбик, при што во поплавите што ги предизвика, загинаа најмалку 417 луѓе, а во соседен Малави уби најмалку 56 лица;
15 март
– Движењето „Петоци за иднината“, инспирирано од шведската тиненјџерка Грета Тунберг, организира протести во целиот свет;
– Маж упадна во две џамии во Кристчарч, Нов Зеланд и уби 51, а 50 повреди. Нападот беше пренесуван 17 минути во живо на Фејсбук;
– Почнаа протестите во Хонг Конг против Законот за екстрадиција;
17 март
– Зимбабве прогласи вонредна состојба откако во налает на цикланот Идаи загинаа најмалку 259 луѓе;
19 март
– По скоро три децении на власт, претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев поднесе оставка од функцијата и го именува Касим-Jомарт Токајев за негов наследник;
20 март
– Хашкиот трибунал го осуди на доживотен затвор поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ поради геноцидот во Сребреница и други злосторства;
– Европската народна партија (ЕПП) го суспендира членството на унгарската владејачка партија Фидес поради својата бегалска политика и против претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер;
– ЕК го казни „Гугл“ со 1,49 милијарди евра (1,7 милијарди долари) за кршење на ЕУ правилата за конкуренција со своите рекламни практики;
21 март
– При потонување на преоптоварен траект во река Тигар, во близина на Мосул загинаа најмалку 110 луѓе;
– Поранешниот бразилски претседател Мишел Темер е уапсен во Сао Паоло поради вмешаност во корупција;
25 март
– Трамп потпиша документ со кој официјално ја признава Голанската Висорамнина како дел од територијата на Израел;
26 март
– Во Бостон, Масачусетс извршена е првата трансплантација на бубрег од жив донатор со ХИВ и примач на ХИВ;
30 март
– Зузана Капутова избрана е за прва жена претседател на Словачка. Таа ја презеде функцијата на 15 јуни;
31 март
– Локални избори во Турција, а на 6 мај Изборната комисија ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул. Но, кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победи на повторените избори на 23 јуни;
2 април
– Алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлик (82) по 20 години на власт поднесе оставка под притисок на јавноста;
3 април
– Лори Лејтфоут е првата жена афроамериканка избрана за градоначалник на Чикаго;
6 април
– НАСА првпат регистрира земјотрес на Марс;
10 април
– Научниците ја објавија првата телескопска фотографија на Црна
дупка, која се наоѓа во центарот на галаксијата оддалечена од Земјата
55 милиони светлосни години;
11 април
– Прв ден од гласање на генералните избори во Индија, најголемата демократија во светот со 900 милиони луѓе со право на глас. Гласањето траеше 39 денови до 23 мај;
– Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон;
– Соборен е суданскиот претседател Омар ал Башир и уапсен од страна на армијата по 29 години на власт;
15 април
– Пожар ја уништи Катедралата Нотр Дам во Париз.
17 април
– Се самоуби поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија при обидот на полицијата да го уапси поради вмешаност со корупција.
.
21 април
– Во терористички напади врз цркви и хотели на Велигден во три градови во Шри Ланка, Коломбо, Негомбо и Батикалоа загинаа најмалку 268 луѓе;
– Комичарот Володимир Зеленски победи на претседателските избори во Украина;
28 април
– Парламентарни избори во Шпанија, но ниту една партија не освои мнозинството;
30 април
– Јапонскиот император Акихито најави абдикација, прва по 202 години;
1 мај
– Новиот јапонски цар Нарухито го презеде тронот откако неговиот татко Ахикито абдицираше;
3 мај
– Најмалку 80 луѓе загинаа при налет на циклонот Фани во индиската сојузна држава Одиша;
4 мај
– Маха Вајиралонгкорн формално крунисан за крал на Тајланд под името Рама Икс;
5 мај
– При принудно слетување на авион на Аерофлот на московскиот аеродром Шереметјево загинаа 41 од 78 патници;
6 мај
– Во Мјанмар ослободени се двајцата новинари на Ројтерс, Ва Лоне и Кјав Сое О по по повеќе од 500 денови поминати во затвор. Тие беа уапсени поради тоа што пишуваа за масакрот врз Рохинџите;
8 Мај
– Техеран најави дека нема да ги почитува обврските од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма, што беше потпишан во 2015 година;
12 мај
– Четири комерцијални бродови, меѓу кои и два саудиски танкери се нападнати од територијата на Обединети Арапски Емирати, поради што се зголемија тензиите помеѓу Иран и САД;
16 мај
– ЕУ ги казни петте големи банки – ЈП Морган, БАрклајс, РБС, Ситигруп и Мицибуши УФГ поради кординирана размена на трансакции на интернет. Вкупната казна изнесуваше 1,07 милијарди евра;
17 мај
– Парламентот на Тајван одобри истополови бракови. Со тоа Тајван стана прва азиска земја во кои се дозволени истополовите бракови;
18 мај
– Австралиската владејачка конзервативна коалиција на Либералната и Националната партија, предводена од премиерот Скот Морисон победи на парламентарните избори;
21 мај
Јоко Видодо реизбран за претседател на Индонезија;
23 мај
– Индискиот премиер Нарендра Моди освои втор премиерски мандат;
25 мај
– Светска здраствена организација (СЗО) ги прогласи за болест сексуалната зависност и зависноста од дигитални игри;
26 мај
– Избори за Европскиот Парламент;
2 јуни
– Германскиот политичар Валтер Либке е убиен од огнено оружје пред неговиот дом;
3 јуни
– Во судир помеѓу суданската армија и демонстрантите во Картум загинаа сто луѓе;
5 јуни
– На парламентарните избори победија социјалдемократите на премиерот Меѕе Фредериксен;
6 јуни
– Серискиот убиец Нилс Хегел е осуден на доживотен затвор поради убиство на 85 луѓе во периодот од 2000 до 2005 година додека работел во болниците во германските градови Олденбург и Делменхорст;
7 јуни
– Тереза Меј поднесе оставка од лидераската функција на британската Конзервативна партија откако Парламентот не ги прифати нејзините предлози за Брегзит. На чело на конзервативците доаѓа Борис Џонсон;
8 јуни
– Претседателот на Албанија, Илир Мета ги суспендира локалните избори откако опозицијата најави бојкот се додека премиерот Еди Рама не поднесе оставка;
9 јуни
– Припадници на етничката група Фулани убија 95 припадници на етничката група Доган во Мали;
– Поранешниот претседател на Пакистан, Асиф Али Зардари е упасени поради корупција;
16 јуни
– Најмалку 30 луѓе загинаа во три самоубиствени бомбашки напади во североисточна Нигерија;
17 јуни
– Поранешниот претседател Мохамед Морси почина од срцев удар за време на судењето во Каиро;
20 јуни
– Иран собори американски дрон над Ормутски Теснец со што се зголемија тензиите помеѓу Техеран и Вашингтон;
22 јуни
– Рускиот вулкан Раикоке еруптираше првпат по речиси сто години и исфрли огромни количества пепел, гас и чад во облик на печурка до височина од 17 километри. Ерупцијата беше фотографирана од астонаут од Меѓународната вселенска станица;
30 јуни
– Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во демилитиризираната зона помеѓу Северна и Јужна Кореја. Трамп ја премина границата со што стана прв претседател на САД, кој стапна на територијата на Северна Кореја;
1 јули
– Најмалку 14 луѓе загинаа, а пет се повредени кога експлодира руска нуклеарна подморница;
– Најмалку 16 лица загинаа, а над 100 се повредени при напад на талибанците во главниот град на Авганистан, Кабул;
– Јапонија дозволи комерцијален китолов по повеќе од 30-годишната забрана;
2 јули
– Германската Урсула фон дер Лајен е првата жена номинирана да ја води Европската Комисија заедно со французинката Кристин Лагард, која е номинирана за претседател на Европска централна банка;
3 јули
– Најмалку 43 лица загинаа во поплавите што ги погодија Мумбај и околината на индиската сојузна држава Махараштра;
4 јули
– На Алјаска измерени рекорднин 32 степени Целзиусови;
7 јули
– Грчката конзервативна партија Нова демократија на Киријакос Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори;
12 јули
– Турција ја доби првата пратка на руски ракетен систем С-400 што ги зголеми тензиите помеѓу Анкара и Вашингтон, а САД се заканија со санкции;
– Најмалку 29 лица загинаа во терористички напад врз хотел во јужниот сомалиски град Кисмајо. Одговорноста за нападот ја презеде ал Шабааб;
17 јули
– Судот во Њујорк го осуди на доживотен затвор мексиканскиот нарко дилер Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.
18 јули
– Најмалку 36 лица загинаа во пожар кој изби во студио за анимација во јапонскиот град Кјото;
23 јули
– Борис Џонсон е избран за лидер на Конзервативната партија и за премиер на Велика Британија;
25 јули
– Околу 150 мигранти се удавија откако се преврте брод во близина на брегот на Либија;
31 јули
– Руските власти соопштија дека во пожарот што изби во Сибир изгоре површина од три милиони хектари односно површина со големина на Белгија;
1 август
– На жените од Саудиска Арабија им е дозволено да патуваат без машка придружба.
2 август
– Суспендиран е Договорот ИНФ постигнат помеѓу Советскиот Сојуз и САД;
3 август
– Во рок од 24 часа во САД се случија два масакра. Вооружен маж уби најмалку 20 луѓе во трговски центар во Ел Пасо. Еден ден подоцна, деветмина беа убиени откако вооружен маж отвори оган пред кафуле во Дејтон;
5 август
– Индија го укина специјалниот статус на Кашмир и го подели претежно муслиманскиот регион на две федерални административни територии;
8 август
– При тестирање на нуклеарно оружје во близина на градот Саров загинаа пет руски научници;
10 август
– Тајфунот Лекимија ја погоди источна Кина при што загинаа 45 луѓе;
– Десетици илјади луѓе протестираа во Москва поради исклучување на опозициските кандидати од изборите за Градскиот совет;
– Пожар изби на шпанскиот остров Гран Канарија при што изгоре површина од 10.000 хектари. Огнот беше ставен под контрола по 11 дена;
– Сексуалниот предатор Џефри Епштајн е пронајден мртов во затвор;
11 август
– Алехандро Џиаматеи избран за претседател на Гватемала;
12 август
– Алберто Фернандез избран за претседател на Аргентина;
17 август
– Најмалку 90 луѓе загинаа во самоубиствен бомбашки напад за време на свадба во Кабул;
18 август
– „Погребан“ глечерот Окјкакул на Исланд. Тој е жртва на климатските промени;
19 август
– Голем пожар изби во бразилските дождовни шуми во Амазонија;
20 август
– Се распадна италијанската популистичка влада откако лидерот на партијата Лига, Матео Салвини се повлече од коалицијата со Движење пет ѕвезди. На 28 август беше формирана нова влада од Движењето пет ѕвезди и Демократската партија;
– Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа постетата на Данска откако премиерот на Гренланд и на Данска одбија да го продадат Гренланд на САД;
23 август
– Од пристаништето Мурманск исплови првата руска пловечка нуклеарна централа „Академик Ломоносов“;
31 август
– Во американски воздушен напад врз камп за обука на Ал Каеда во сириската провинција Идлиб загинаа 40 лица;
1 септември
– Најмалку сто луѓе загинаа во Јемен при воздушен напад на коалицијата предводена од Саудиска Арабија;
3 септември
– Најмалку 50 луѓе загинаа во налет на ураганот Доријан што ги погоди Бахамите;
10 Септември
– Британски научници првпат открија вода на планета надвор од Сончевиот систем. Вода е откреина на егзопланетата К2-18б, оддалечена 110 светлосни години од Земјата;
14 септември
– Јеменските бунтовници Хути со дронови нападнаа две нафтени рафинерии во Саудиска Арабија;
18 септември
– Во пожар што изби во училиште во главниот град на Либерија, Монровија, загинаа 27 лица;
19 септември
– Во екплозија на автомобил-бомба пред болница во авганистанскиот град Калат загинаа 39 луѓе;
23 септември
– Банкротираше најстарата туристичка агенција во светот „Томас Кук“;
24 септември
– Во земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер во северниот дел на Пакистан загинаа околу 40 луѓе;
26 септември
– Најмалку 41 лице загина во земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди индонезискиот остров Макулу;
27 септември
Полицијата во северна Нигерија спаси речиси 400 деца заробени во нечовечки услови во исламско училиште;
28 септември
– Претседателски избори во Авганистан, на кој е реизбран Ашраф Гани; 29 септември
– На парламентарните избори во Австрија победи конзервативната Народна партија на Себастијан Курц;
1 октомври
– Претседателот на Перу, Мартин Визкара го распушти Конгресот откако пратениците одбија да ги поддржат неговите антикорупциски реформи;
3 октомври
– Укинувањето на субвенциите за гориво по 40 години предизвикаа масовни протести во Еквадор при што загинаа неколкумина демонстранти;
6 октомври
– Премиерот на Португалија, Антонио Коста победи на парламентарните избори и формира малцинска влада;
– На парламентарните избори во Тунис победи умереното исламистичко движење Енахда;
7 октомври
– Американскиот претседател ДоналдТрамп им нареди на американските вооружени сили да се повлечат од турско-сириската граница. Два дена подоцна, Турција почна воена офанзива во северниот дел на Сирија;
9 октомври
– Тешко вооружено лице не успеа да влезе во синагога во германскиот град Зале на еврејскиот празник Јом Кипур, но сепак успеа да убие две лица;
10 октомври
– Во пожар што избувна во близина на Лос Анџелес уништи површина од 35 квадратни километри, а околу 100.000 луѓе ги напуштија домовите;
12 октомври
– Тајфунот Хагибс што го погоди јапонскиот остров Хонушу усмрти 100 луѓе;
13 октомври
– Владејачка Партија на правото и правдата победи на парламентарните избори во Полска;
– На претседателските избори во Тунис победи Каис Сајед;
14 октомври
– Шпанскиот Врховен суд осуди девет каталонски сепаратисти на казна од девет до 13 години затвор поради нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година;
– Одлуката за зголемување на метро билетите во Чиле предизвика масовни протести, во кои загинаа повеќе од 20 луѓе. Пет дена подоцна претседателот на Чиле, Себастијан Пинера ја повлече одлуката;
17 октомври
– Турција се согласи да ја прекина офанзивата во северна Сирија со цел да се повлечат курдските сили од тој регион;
18 октомври
– Астронаутките на НАСА, Кристина Кох и Џесика Мејр излегоа од Меѓународната всленска станица и ја изведоа првата женска прошетка во Вселената;
– Најмалку 73 верници загинаа откако експлодира бомба пред џамија во Авганистан;
20 октомври
– На претседателските избори во Боливија, Ево Моралес освои четвртиот мандат, но на 10 ноември поднесе оставка по масовните протести и побегна од државата откако беше обвинет за изборни измами;
21 октомври
– На парламентарните избори во Канада, Либералната партијата на премиерот Џастин Трудо го загуби мнозинството, но освои најмногу места (157) за формирање малцинска влада;
22 октомври
– Претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин се договорија за воспостваување на заедничка контрола врз курдската територија во северна Сирија;
– Јапонскиот император Нарухито заедно со царицата Масако официјално го презеде тронот на најстарата светска монархија;
23 октомври
– Во близина на Лондон во камион ладилник пронајдени се мртви 39 државјани на Виетнам;
24 октомври
– Посмртните останки на поранешниот шпански диктатор Франсиско Франко се преместени од неговиот мавзолеј во близина на Мадрид;
26 октомври
– Лидерот на Исламската држава Абу Бакр ел‑Багдад си го одзема животот за време на операција на американски специјални сили во североисточна Сирија;
27 октомври
– Кандидатот на централната левица Алберто Фернандез победи на претседателските избори во Аргентина;
28 октомври
– ЕУ се согласи на уште едно пролонгирање на Брегзит до 31 јануари 2020 година;
29 октомври
– Премиерот на Либан, Сад Харири по двенеделните антивладини протести поднесе оставка од функцијата;
30 октомври
– Кашмир официјално го загуби автономниот статус, знаме и устав и е под федерална контрола на Индија;
31 октомври
– Пожар на јапонскиот остров Окинава уништи голем дел од замокот Шури, светско културно наследство;
4 ноември
– САД официјално се повлекоа од Парискиот договор за климата;
– Либералот Лудовик Орбан е именуван за нов премиер на Романија;
5 ноември
– Претседател Хасан Рохани го повлече Иран од мултилатералниот договор од 2015 година;
– Претставници на Меѓународно признаената влада на Јемен и и на сепаратистичкиот Јужен транзиционен совет поддржан од Обединетите Арапски Емирати и во Ријад потпишаа мировен договор;
6 ноември
– Најмалку 37 луѓе загинаа при напад на џихадистите врз конвојот што превезувал работници од канадската рударска компанија Семафо во источниот дел на Буркина Фасо;
7 ноември
– Меѓународниот кривичен суд го осуди поранешниот лидер на бунтовниците во ДР Конго, Боско Нтаганда на 30 години затвот поради воени злосторства;
8 ноември
– Катастрофални пожари избувнаа во источна Австралија уништувајќи 16.000 квадратни километри во сојузната држава Нов Јужен Велс, при што загинаа шест луѓе;
12 ноември
– Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес побара азил во Мексико;
13 ноември
– Венеција е погодена од најтешките поплави во изминатите 50 години;
– Прв ден од сослушувањето за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп;
14 ноември
– Јон Чику е именуван за премиер на Молдавија;
15 ноември
– Зголемувањето на цената на горивата предизвика протести во југозападниот дек на Иран;
16 ноември
– Готабаја Раџапаска е избран за претседател на Шри Ланка;
18 ноември
– САД по 24 години ги прогласи за легални израелските населби во Западниот Брег;
19 ноември
– Повеќе од илјада демонстранти се приведени откако три дена беа забарикадирани на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг;
20 Ноември
– Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху обвинет за корупција;
24 ноември
– Локални избори во Хонг Конг на кои победија продемократските кандидати;
– Луис Лакале Пау е избран за нов претседател на Уругвај;
26 ноември
– Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала регистриран во албанскиот град Драч, при што загинаа 51 човек, а над 700 се повредени;
28 ноември
– Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша два закона за поддршка на демонстрантите во Хонг Конг, што предизвика зголемување на тензиите помеѓу САД и Кина;
– Ирачките безбедносни сили отворија оган врз демонстрантите во Насирија, при што загинаа најмалку 25 луѓе;
– Европскиот парламент прогласи вонредната состојба за климата и животната средина;
1 декември
– Ирачкиот Парламент ја прифати оставката на премиерот Адел Абдул Махди по неколкунеделни протести во кои загинаа околу 400 луѓе;
4 декември
– При потонување на брод во близина на врегот на Мавританија загинаа 58 мигранти, а 83 беа спасени;
5 декември
– Генерален штрајк во Франција. Над 800.000 луѓе протестиртаа во 100 градови поради најавените пензиски реформи;
8 декември
– Во пожар што избувна во илегална фабрика за торби во Њу Делхи загинаа 43 луѓе;
9 декември
– Светската антидопинг агенција и забрани на Русија да учествува во спортски настани четири години, вклучувајќи ја Олимпијадата во 2020 година, Зимските игри и Светското првенство во фудбал во 2022 година;
– Најмалку 16 луѓе загинаа при ерупцијата на вулканот на Белиот Остров на Нов Зеланд;
10 декември
– Сана Марин е новата премиерка на Финска;
11 декември
– Регионот на Бугаинвил прогласи независност од Папуа Нова Гвинеја;
– Индија усвои контроверзен закон за државјанство. Законот предвидува индиско државјанство за бегалците од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, но само ако не се муслимани;
12 декември
– Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон победи на парламентарните избори во Велика Британија;
15 декември
– Во Мадрид заврши Самитот на ОН за борба против климатските промени без суштински резултати;
19 декември
– Претставничкиот дом изгласа отповикување на Трамп од должноста претседател на САД;
– Инаугуриран новиот претседател на Алжир, Абделмаџит Тебун;
– Албанија доби Специјално обвинителство за корупција и организиран криминал;
20 декември
– Француските сили убија 33 терористи во областа Мопти, на Мали;
21 декември
– САД воведоа санкции против фирмите вклучени во изградбата на гасоводот Северен поток 2;
– Етиопија, со помош на Кина, го лансираше во Вселената својот прв сателит што ќе се користи за истражување на климатските промени;
22 Декември
– Куба го доби првиот премиер по четири децении;
23 Декември
– Избран новиот Совет на министри на БиХ;
24 Декември
– Русија успешно тестираше сопствен интернет;
– Венеција вторпат годинава поплавена;
27 декември
– Конституирано косовското Собрание;
29 декември
– Донбас и Киев почнаа размена на затвореници.
Comments are closed for this post.