Израелската полиција уби еден Палестинец за кој израелските власти соопштија дека извел напад со автомобил во Западен Брег, при што биле повредени двајца израелски цивили, од кои едниот се наоѓа во критична состојба.

Портпаролот на израелската полиција изјави дека полицаец, кој бил во близина на местото на нападот, отворил оган откако напаѓачот удрил со своето возило удрил во цивили, во близина на израелската населба Елазар, во близина на палестинскиот град Витлеем.

Израелската амбуланта служба соопшти дека еден од Израелците, 17-годишник, бил во несвест и претрпел „мултипсистемска траума“, додека другиот, 19-годишник, се здобил со полесни повреди.

Возилото, со кое наводно бил изведен напад, имало израелски регистарски таблички, што му овозможува слобода на движење и во Израел и на Западениот брег.