Брентон Тарант од Австралија, обвинет за убиство на 50 луѓе во организиран напад во две џамии на Нов Зеланд, поднел жалба на начинот  на кој го третираат во затворот.

Две недели по масакрот во Крајстчерч, масовниот убиец се пожалил дека нема пристап до надворешниот свет.

По првото појавување во судницата на 16 март, австралијанецот  бил префрлен  во Паремормо во Окленд, и од самиот почеток се жали за третманот кој го има во најтешкиот затвор.

Според изворот од институцијата, неговите права за посета од 30 минути и еден неделен телефонски повик се укинати.

Новозеланската служба за затвори тврдат дека со затвореникот се постапува во склад со законот и меѓународните обврски.

Тој моментално нема пристап на телевизија, радио или новинари, ниту му се одобрени посети. Од оперативно безбедносни причинио не можеме да откриеме повеќе информациии, истакнуваат од  Службата