Шпанската полиција уапсила четворица Албанци, п0д сомнение дека биле дел од бандата што изврши голем број грабежи во кучите на познати фудбалери во Мадрид. Еден од уапсените, со иницијали М.З. веќе бил уапсен во 2007 година како член на група што извршила насилен упад во куќата на познат шпански бизнисмен.

Во полициската акција шо резултирала со апсњето на четритие осомничени, биле извршени три претреси во куќи во Мадрид и еден во куќа во Толедо, каде што биле пронајдени и четворицата уапсени. Таму биле пронајдени и голем број украдени драгоцености, како и неколку вредни предмети, како медалот за освоеното второ место во Лигата на шампионите на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Томас Партеј, како и неговиот пасош.

Осомничените ќе бидат обвинети за грабежи на станбени објекти, членување во криминална група, препродажба на украдени предмети, растурање возила и фалсификување документи. За да ги извршуваат грабежите, припшадниците на групата краделе автомобили на кои ги менувале сериските броеви и регистерски табличи за да не бидат препознаени од безбедносните камеи.

Освен четворицата уапсени, од полицијата се во потрага по петтиот член на бандата, за кого се се сомневаат дека избегал во земја надвор од судската надлежност на Европската Унија, поради што ќе биде издадена меѓународна потерница.

Серијата грабежи во домовите на познати фудбалери во послените неколку месеци крена големо внимание во шпанската јавност. Вообичаено, грабежите се случуваа додека фудбалерите беа на натпревар или на тренинг.

Последниот случај беше грабежот во домот на играчот на Реал Мадрид, Касемиро, чија куќа беше ограбена додека во неа се наоѓаа неговите сопруга и ќерка. Сличен случај имаше и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, чиј доме беше ограбен во јуни додека во него беа неговата сопруга, децата  и бебиситерката.

Жртви на грабежи беа и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, како и фудбалерите на „кралскиот клуб“ Иско и Лукас Васкез.