Уапсен шведски програмер близок до Џулијан Асанж. Го привеле само неколку часа по апсењето на Асанж.

Министерката за внатрешни работи на Еквадор, Марија Паула вели дека уапсениот е личност за која се сомневаат дека е клучен играч на Викиликс, близок до основачот на организацијата, Асанж.

Неименуван владин претставник на Еквадор, за агенцијата Асошијетед прес открива дека е шведски програмер кој се вила Ола Бини.

Министерката з авнатрешни работи на Еквадор, информираше дека за лицето кое не го именуваше постои сомневање дека подготвувал заговор против владата во Кито, а бил уапсенна главниот аеродром во Еквадор, кога се обидел да се качи на летот во Токио.

Таа додава дека ова лице неколку години живеело во Еквадор и оти често патувал за Лондон.