Француската полиција уапси човек откако открила отсечена глава во кутија што била исфрлена од прозорец во центарот на јужниот пристаништен град Тулон.

Локалната полиција соопшти дека нема индиции за терористички мотиви, додека Франција сè уште е во страв по обезглавувањето на наставникот Самјуел Пати од исламистички екстремист во октомври 2020 година.

Случајните минувачи ја предупредија полицијата во понеделникот попладне кога видоа како паѓа кутија од прозорецот на зградата во центарот на градот, изјави за „Франс прес“ портпаролот на полицијата.