Брисел е обвинет за „неприфатлива алчност“ по извештајот дека Жан-Клод Јункер и Доналд Туск ќе добијат околу 500.000 евра по истекот на нивните мандати оваа година.
Еврократите, чии функции завршуваат во ноември, имаат право на отпремнина по напуштањето на работните места, пишува Деили Меил.
Според весникот, Доналд Туск како претседател на Европската комисија ќе добие 323.276 евра врз основа на „преодна заработувачка“, а Жан Клод Јункер, кој е актуелен претседател на Европскиот совет, наводно ќе добие 161.621 евро.
На Јункер му следува помал износ бидејќи ќе биде пред пензионирање на половина од двегодишниот период на исплата, откако ќе наполни 66 години во декември 2020 година.
Comments are closed for this post.