Еврокомесарката за правосудство, потрошувачи и еднаквост на половите, Вера Јурова, и даде рок на компанијата Фејзбук до крајот на годината да постапи во согласност со прописите на ЕУ за заштита на податоците. Во спротивно, како што најави Јурова, американскиот медиумски гигант ќе се соочи со сериозни санкции.
Мојата стрпливост дојде до крајна граница. Иако од Фејзбук ме уверуваа дека до декември конечно ќе ги прилагодат сите преостанати измамувачки услови за користење на нивните услуги, се покажа дека тоа трае премногу долго. Сега е време за акција, а не за ветувања. Ако потребните измени не се имплементираат во целост до крајот на годината, ќе ги повикам властите за заштита на потрошувачите да делуваат брзо и да ја санкционираат компанијата – се наведува во соопштението на Јурова.
I want #Facebook to be extremely clear to its users about how their service operates and makes money. Not many people know that #Facebook has made available their data to third parties or that for instance it holds full copyright about any picture or content you put on it.
— Věra Jourová (@VeraJourova) September 20, 2018
Ова предупредување на еврокомесарката е доста заострена нејзина порака во однос на таа во февруари, кога им порача на Фејзбук и на другите платфрми за различно социјално вмрежување дека мора да ги почитуваат правилата.
Comments are closed for this post.