Бивш француски боксерски шампион е осуден на 30 месеци затвор за напад врз двајца полицајци за време на антивладините протести на „жолтите елеци“ во Париз, јавуваат агенциите.
Кристоф Детанже (37г.) беше снимен на видеоклип на 5 јануари како со тупаници напаѓа претставници на полицијата и стана херој на движењето на „жолтите елеци“.
Меѓутоа, година ипол од пресудата е условна, а останатите 12 месеци ќе биде во „полуслободен режим“. Тоа значи дека во текот на денот ќе биде слободен, а ноќите ќе ги минува во затвор. Во Париз му е забрането да престојува шест месеци.
Comments are closed for this post.