Околу три четвртини од Венција попладнево е поплавен, кога брановите достигна 156 сантиметри. Туристите се евакуирани од  плоштад Сан Марко, а сообраќајот на водните таксисти беше привремено прекинат.

Градот е познат по поплави кога силен ветер ја дува водата од венецијанскиот залив, а како што наведуваат, денешното ниво на вода е највисоко од декември 2008 година.

Дуќанџиите велат дека со секој посилен ветер продавниците им се поплавуваат

Градоначалникот на Венеција Луиџи Брунаро изјави дека на дното на заливот се изградени многу бариери за да се спречат поплавите. 


Според неговото кажување, тој проект веќе долго се планира, а неведе дека побарал и итен разговор со премиерот Џузепе Конте како би му ја соопштил важноста на проектот со кој би се спречило подигнување на нивото на водата.

Последен пат нивото на водата достигнало 160см во декември 1979 година.

Најголемата поплава што го поплави градот во модерната ера беше во ноември 1966 година – бран од 194 сантиметри. Тогаш Фиренца беше уништена од поплави.