Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави синоќа дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
Бајден и Камала нè воведоа во војната во Украина и сега не можат да нè извлечат. Не можат да нè извлечат, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели „не заминуваме додека не победиме“. Што ќе се случи ако победат?, рече Трамп.
Comments are closed for this post.