Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави благодарница до самиот себе, наведувајќи дека целиот свет им завидува на САД и приказната за успехот на Волстрит.

„На нашата држава и завидува целиот свет. Ви благодарам господине претседател“, твитна Трамп.

Со таа порака тој објави и твит од официјалниот налог на Белата куќа каде пишува дека во средата трите главни американски берзантски индекси – Дау Џонс индастриал евриџ, С/П 500 и Насдак, имале рекордни резултати