Американскиот претседател Доналд Трамп, потврди дека американските воени сили го убиле Џамал ал Бадави, еден од главните организатори на бомбашкиот напад во 2000 година врз воениот брод „Кол“ кога загинаа 17 американски војници.
Нашата војска донесе правда за хероите и ранетите во кукавичкиот напад на разурнувачот ‘Кол’. Убиен е лидерот на тој напад, Џамал ал Бадави. Никогаш нема да престанеме со борбата против радикалниот исламски тероризам – соопшти Трамп на твитер.
Our GREAT MILITARY has delivered justice for the heroes lost and wounded in the cowardly attack on the USS Cole. We have just killed the leader of that attack, Jamal al-Badawi. Our work against al Qaeda continues. We will never stop in our fight against Radical Islamic Terrorism!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 6, 2019
Информацијата за ликвидацијата на ал Бадави ја соопштија од американската војска која пред два дена соопшти дека оперативецот на Ал Каеда бил убиен во напад во Јемен.
Во октомври 2000 година гумен чамец полн со експлозив експлодира до разурнувачот „Кол“ што беше усидрен во пристаништето Адена заради полнење гориво. Во тој напад загинаа 17 американски војници и два напаѓачи. Одговорноста за нападот ја презема Ал Каеда.
Главниот осомничен за нападот, Абд ал Рахим ал Нашири, се наоѓа во американскиот воен затвор Гвантанамо на Куба.
Comments are closed for this post.