Американскиот претседател, Доналд Трамп, побара да се подготви документација за да помилува членови на американската армија обвинети или осудени за воени злосторства, објави „Њујорк тајмс“.
Трамп побара веднаш да се подготви документацијата, и да биде готова до 27 мај“ – објави весникот, цитирајќи на двајца неименувани американски официјални лица.
Еден официјален претставник изјавил дека собирањето документација за помилување трае со месеци, но дека Министерството за правда врши притисок се да биде готово пред празничниот викенд.
Весникот нагласува дека меѓу барањата е и тоа за командантот на специјалните операции, Едвард Галагер, од поморските единици „Фоки“, за кој судењето е закажано за следните недели.
Галагер е обвинет за пукање во невооружени цивили во Ирак и убивање непријателски затвореници со нож.
Според весникот, се верува дека во процесот на помилување ќе биде вклучен и мајор Метју Л. Голстејн, припадник на специјалните сили „Зелени беретки“, обвинет за убиство на невооружени Авганистанци во 2010 година.
За оваа тема пишува и британскиот весник „Гардијан“, кој наведува дека Трамп во неколку наврати покажал интерес за помилување, што предизвикало одушевување меѓу републиканците и десничарските медиуми, како што е „Фокс Њуз“.
Comments are closed for this post.