Претседателот на САД Доналд Трамп вети целосна истрага за сомнителните пакети испратени на познати политички личности во САД.

Целата сила на нашата Влада ќе биде искористена за оваа истрага и за изведување на одговорните пред лицето на правдата. Нема да штедиме на ресурси и трошоци, рече Трамп.

Тој им порача на Американците дека „сега е време кога мора да се обединиме”.

Вчера сомнителни пакети, некои од нив и со бомби, беа испратени на семејството Клинтон, на поранешниот американски претседател Барак Обама, во седиштето на Си-Ен-Ен во Њујорк, компанијата „Тајм ворнер”, како и на многу други, пред се противници на Трамп.

Два дена претходно слична пратка беше испратена и на милијардерот Џорџ Сорос.

Во инцидентите, никој не е повреден.

Засега никој не презеде одговорност за испраќањето на сомнителните пакети, но извори блиски до сојузната полиција сметаат дека тоа би можело да биде „координирана акција”.