Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави борба против каков било обид на демократите во Конгресот да покренат постапка за негово отповикување. По истрагата на специјалниот обвинител, Роберт Малер, Трамп вети дека правната битка ќе ја пренесе на Врховниот суд и покрај уставната моќ на Конгресот за импичмент.

Ако поддржувачите на демократите некогаш се обидат да покренат отповикување, прв ќе се обратам до Врховниот суд на САД, напиша Трамп на Твитер.


Според Уставот на САД, Претставничкиот дом и на Сенатот имаат моќ за отповикување на претседателот.

Демократите, коишто го контролираат Претставничкиот дом, остануваат поделени околу отповикувањето дури и откако се отвори нов фронт на истрага за претседателот, што предизвика нова правна војна со Белата куќа, бидејќи Трамп жестоко се бори против кој било нов надзор на Конгресот.