Американскиот претседател Доналд Трамп најави на Твитер дека на митинг на 18 јуни во Орландо официјално ќе ја објави кандидатурата за втор мандат во Белата куќа.
Ќе објавам дека влегувам во претседателската трка за втор мандат, во присуство на првата дама Меланија, потпретседателот Мајк Пенс и втората дама Карен Пенс, на 18 јуни во Орландо, на Флорида, во „Амвеј центарот“ кој има 20.000 места. Придружете ни се на историскиот митинг, напиша Трамп на Твитер.
I will be announcing my Second Term Presidential Run with First Lady Melania, Vice President Mike Pence, and Second Lady Karen Pence on June 18th in Orlando, Florida, at the 20,000 seat Amway Center. Join us for this Historic Rally! Tickets: https://t.co/1krDP2oQvG
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 31, 2019
Тој притоа приложи линк до неговата официјална веб-страница каде што може да се купат билети за овој настан.
На линкот е наведено дека со регистрирање со приложен мобилен број може да се купат две влезници, но не се наведува нивната цена.
Comments are closed for this post.