Еден од најпознатите музичари на сите времиња, Елвис Присли, постхумно беше одликуван со „Медалот на слободата“ што го додели американскиот претседател, Доналд Трамп. По тој повод, гласот на „Кралот на рокенролот“ одекна во Белата куќа, кога беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“ за време на церемонијата на која медали добија уште неколку истакнати личности.
При доделување на медалите, Трамп сподели спомени од концерт на Елвис, на кој присуствувал пред неколку децении.
Фановите викаа, беа сосема луди. Се чинеше дека ќе ја срушат салат од возбуда, рече Трамп.
Lumpy is officially off his nut. #Elvis pic.twitter.com/Lg4LHWiAZQ
— Amee Vanderpool (@girlsreallyrule) November 16, 2018
Претседателскиот „Медал за слобода” е највисока чест, која во САД се доделува за граѓански заслуги. Наградата се доделува на уметници, научници, спортисти и филантропи за нивниот придонес во културата или мирот. Трамп, меѓу другите, со орденот го одликува бејзбол легендата Бејб Рут.
Елвис Присли почина во неговата куќа во Мемфис во Тексас, на 16 август 1977 година.
Comments are closed for this post.